Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Состанок на координативното тело за организирање на празникот Богојавление – Водици

Охрид, 11. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во малата сала на Општина Охрид, денеска ќе се одржи состанок на координативното тело за организирање на големиот христијански празник Богојавление – Водици, на кој ќе бидат соопштени деталите за годинешното издание.

По своите духовни и верски вредности, Најмасовната црковно-народна манифестација за осветување на езерските води одамна ги надмина локалните и регионални граници, па и годинава се очекуваат бројни посетители од земјава и странство. Се очекува манифестацијата во Охрид да ја следат i бројни медиумски куќи од земјата и околните земји.

Поради Covid-10 пандемијата, минатата година манифестацијата се одржа со почитување и запазување на мерките за заштита, не се служиеше и традиционалната рибја чорба, а на 20-ти јануари немаше официјално организирање на Денот на рибарите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука