Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Продолжен распустот за учениците, второто полугодие почнува на 23-ти јануари

Скопје, 11. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжен распустот за основците и средношколците, второто полугодие почнува на 23-ти јануари.

Владата на Република Македонија го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18-ти јануари да започне на 23-ти јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици.

Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука