Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 8. степени

Охрид, 14. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Следува период на променливо облачно време, до понеделник повремено со услови за појава на утринска магла по котлините. Утре ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер, температурите ќе бидат во пораст и ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука