Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид се украсува за Водици, подготовките при крај

Охрид, 16. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на големиот христијански празник се уредува Градското пристаниште каде капачите ќе влегуваат по чесниот крст.

Изминативе денови членовите на нуркачките клубови го чистеа дното на Охридското Езеро, а ЈП „Охридски комуналец“ се вклучени во темелно чистење на Градското пристаниште каде верниците влегуваат во езерските води.

Дополнително екипи на ЈП „Охридски комуналец“ го украсуваат градот.

На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 07:00 часот, а точно во 10:00 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Заинтересираните капачи кои сакаат да бидат дел од настанот, своето учество можат да го пријават во сите парохиски цркви во Охрид.

По чинот на Богојавленскиот водосвет, со почеток во 12:00 часот на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Чалгија саунд систем“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука