Забава Избор

Dj Maci Stojanovic во сабота, на 21. јануари во клуб Rebel

Охрид, 16. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавата овој викенд во Охрид продолжува со настапот на Dj Maci Stojanovic во сабота, на 21-ви јануари во клуб Rebel.

Maci Stojanovic е претставник на втората генерација врвни македонски techno Dj-и. Постојано подобрувајќи го изборот на музика, но и својот пристап кон неа, во своите сетови прикажува широк спектар жанрови од deep house до funky techno сетови.

Еден ден претходно, во петок, на 20-ти јануари во клуб Rebel со Вас Dj Oky Doky.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:59 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации ++38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука