Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за жител на Струмица поради коментар на Facebook со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство

Охрид, 17. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против 56-годишниот З.П. од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

– Тој на 24-ти јуни 2022 година на текст од портал објавен на социјалната мрежа Facebook, објавил коментар со недолична содржина, со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука