Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на регионалниот пат Охрид-Струга-Радожда, повредени три лица

Охрид, 19. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти јануари 2023 година, во 13:20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга-Радожда, се случила сообраќајна незгода во која се повредени три лица.

– Во незгодата учествувале патничко возило марка „Фиат“ со струшки регистарски ознаки, кое излетало надвор од коловозот, управувано од страна на 36-годишниот А.Б. од селото Заграчани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 30-годишната Б.М. од селото Биџево, а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник, констатирани во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука