Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Охриѓанец физички нападнал две лица во зграда на улицата „Ванчо Николески“

Охрид, 19. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти јануари 2023 година, во 19:55 часот, во зграда на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од 40-годишниот Н.С. кон 54-годишниот Т.Р. и 29-годишниот М.Р., сите од Охрид.

– На нападот му претходеле закани кои Н.С. ги упатил кон двете лица на паркинг простор пред зградата. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука