Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Црвен крст Охрид за „Водици 2023“: 25 интервенции и 105 дарувани единици крв

Охрид, 19. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – 105 дарувани единици крв на традиционалната крводарителска акција „Водици 2023“, 11 интервенции на спасителите на вода и нуркачките тимови на Црвен крст Охрид, 14 интервенции на медицинските тимови на Црвен крст Охрид е билансот од ангажманот на Црвен крст Охрид на денешниот настан на одбележување на празникот Богојавление Водици.

– Сите на кои им беше укажана помош се во добра здравствена состојба, информираат од Црвен кст Охрид од каде испраќаат благодарност до сите волонтери кое беа ангажирани на денешниот настан и кои успешно ги реализираа своите задачи и справувајќи се со голем предизвик, силен ветар и разбрануваното езеро.

Од Црвен Крст Охрид додаваат дека остануваат посветени на хуманоста, секогаш и секаде каде е тоа потребно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука