Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Пријава за жител на селото Брежани кој недолично се однесувал на булевар „Туристичка“

Охрид, 20. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти јануари 2023 година, во 14:45 часот во СВР Охрид приведен е 52-годишниот Ј.В. од селото Брежани, општина Дебрца, кој претходно, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, со недолично однесување кон граѓаните го нарушил јавниот ред и мир.

– При преземањето на службените мерки, полициските службеници со агресивно однесување биле попречувани од 49-годишниот М.А. од Охрид. Тој е приведен и по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука