ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Ова е класична дистракција како да се одвлече вниманието од нашата европска иднина

Скопје, 23. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ова е класична дистракција, на еден навистина перфиден начин, како да се одвлече вниманието од нашата европска иднина, ова е ставот на премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по однос случувањата со Бугарија и инцидентот во Охрид, кога пред неколку дена во кој пред неколку денови беше претепан секретарот на бугарскиот клуб.

– Ова е класична дистракција, на еден навистина перфиден начин, како да се одвлече вниманието од нашата европска иднина. Сето ова што се случува има импликации затоа што ова не е натпревар кога играат Пелистер и Вардар, или МЗТ и Работнички. Ова е нашата иднина, изјави Ковачевски.

Додаде дека насилство од било каков тип не оправдува и секогаш го осудува, а ќе се спротивстави и на секоја провокација што доаѓа од внатре или од надвор, а која ги повредува чувствата на македонците и буди немир помеѓу граѓаните.

– За мене такви провокации се недозволии. Во однос на инцидентот, задоволен сум што институциите реагираа брзо, МВР успеа веднаш да ги пронајде напаѓачите и да постапи содветно, а верувам дека брзо ќе биде расчистен целиот сличај и по истиот согалсно пријавите ќе постапува и ОЈО, истакна премиерот Ковачевски.

Подвлече дека мора да останеме мирни и разумни и дека ќе инсистира овој проблем да се реши на најбрз можен начин, бидејќи ние треба да продлжиме на патот кон ЕУ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука