ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Милков: Пендиков останува во Софија, не е безбедно да се врати во Македонија

Софија/Охрид, 30. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Имаме злосторства од омраза, навреди од омраза кои се прават секојдневно, а против Христијан Пендиков се прават додека е во болница. На телефон добивал закани и навреди поврзани со тоа затоа што се чувствува Бугарин, изјавил министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков за бТв.

Тој додава дека охриѓанецот Пендиков останува во Бугарија бидејќи се смета дека не е безбедно да се врати.

– Кога ќе се добијат гаранции дека ќе биде безбеден, тогаш најверојатно ќе се врати, рекол Милков.

Според него, темата за односите со Бугарија е всушност прашање на внатрешна политичка дебата во Македонија.

– Во Бугарија во голема мера постои внатрешен консензус за тоа како треба да ги развиваме односите со нашиот сосед. Во оваа смисла, верувам дека ова прашање не е дел од внатрешната кампања и нема да биде, вклучително и во предизборната кампања. Барем не во никој случај до степен до кој тоа се случува во Македонија, каде едно од најострите прашања на конфронтација меѓу владејачката партија и опозицијата е токму односот со Бугарија, истакнал Милков.

Тој сепак признал дека во извесна смисла тоа може да се случи и кај нив.

– Признавам дека не може целосно да се отфрли до детали како точно треба да се градат нашите односи со РМ, но главно имаме консензус и во овој консензус е нашата сила, рекол бугарскиот министер.

Министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски денеска ќе биде домаќин на бугарската делегација предводена од вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Република Бугарија Иван Демерџиев и претседателот на државната агенција „Национална безбедност“ Пламен Тончев. Се очекува да се прецизираат заедничките активности за да се гарантира мирно и безбедно одбележување на 4 февруари, годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. (Крај)

извор: lokalno.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука