Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

„Рибарите“ утре на контролен меч со Работнички

Охрид, 2. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – ГФК Охрид Лихнидос утре ќе го одигра последниот од најавените четири пријателски натпревари, во рамки на подготовките за пролетната полусезона.

По Струга Т&Л, прилепска Победа и Брегалница од Штип, „рибарите“ утре на стадионот „Билјанини извори“ ја пречекуваат екипата на Работнички.

За потсетување, фудбалерите на Охрид Лихнидос есенскиот дел го завршија на шестата позиција, со 26 бодови.

Натпреварите во новата полусезона започнуваат во втората половина на месецов. Според распоредот првиот натпревар на 18-ти февруари ќе го играат во гости, кај Тетекс.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука