Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 5. степени

Охрид, 3. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност и слаб локален снег во утринските часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 5. степени.

– За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и студено, во сабота со повремени врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 80 км/час). Студено време ќе се задржи и во текот на следната седмица, со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука