Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГРК Охрид убедливо против РК Струга во пријателскиот натпревар со 29:21

Охрид, 2. февруари 203 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на ГРК Охрид стигнаа до убедлива победа на пријателскиот натпревар со РК Струга од 29:21 (16:9).

– Во четвртиот пријателски натпревар убедлива победа на „гладијаторите“ со тимот на Струга. Имавме одлична игра во одбраната на сино-белите во текот на целиот натпревар. Најефикасни беа Гал Цирар со 6 погодоци, К. Андоновски и Дрогришки со по 4, а Бојаниќ, Каракоч и Боудрали запишаа по 3 гола, информираат од клубот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука