Избор Македонија Струга ТОП ВЕСТИ

ДКСК донесе иницијатива за кривично гонење на директорот на АМС Наумче Мојсовски за злоупотреби на ваучер системот

Скопје/Струга, 3. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – По три години анализа на начинот на доделување на спортските ваучери, членовите на Антикорупциска комисија се согласија дека треба да се иницира кривично гонење на директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски и на членовите на Централната комисија за евалуација на предлог-листите за доделување спортски ваучери.

Освен тоа, антикорупционерите ќе побараат и од Владата да се утврди одговорност за лицата именувани од нејзината страна, од Управата за јавни приходи ќе бараат засилен надзор врз спортските федерации, клубови и поединци, корисници на ваучерите, и од Министерството за правда да се изготви нова законска регулатива заради обезбедување услови за поправична распределба на парите.

Членот на Комисијата Владимир Георгиев кој извести за овој проблем посочи на бројни незаконитости во распределбата на средствата од даночно ослободување, кои изнесуваат околу една милијарда денари годишно, поради што континуирано во изминативе неколку години, се оштетува државниот буџет, како и субјектите кои имало право на овие пари, а поради не не ги добиле. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука