Здравје Избор Македонија Струга ТОП ВЕСТИ

Платформа за родова еднаквост: На гинекологот Асани да му се забрани лекарска дејност

Скопје/Струга, 3. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Платформата за родова еднаквост реагира на вчерашната условна судска пресуда за гинекологот од Струга Мухамед Асани, кој вршел медицински интервенции и прегледи во нелегална ординација во неговата куќа, со пораката дека мора да има забрана за вршење на лекарска дејност за овој гинеколог чија „ординација на црно“ функционирала од 2015 до 2020 година.

Организацијата бара од Обвинителството да бара построга казна, а Лекарската комора конечно на Асани да му ја одземе лиценцата за работа.

– Доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик, стои во барањето.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: мкд.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука