Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Врнежи од снег кој не се задржува на коловозот на патните правци кон Струга, Охрид и Ресен

Охрид, 4. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Врнежи од снег кој не се задржува на коловозот бележиме на следните патни правци: Крива Паланка, Страцин, Куманово, Павлешенци, Преод, Струга, Охрид, Ресен, Крушево и на планиските премини Буково, Ѓавато и Железнец.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука