Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно време со услови за врнежи од дожд и температура до 6. степени

Охрид, 4. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 6. степени.

– Денес ќе има повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло и значително опаѓање на температурата. Утре времето ќе биде променливо облачно и многу студено, на места ќе провејува снег и ќе дува силен северен ветер. Потоа во следните денови ќе се задржи стабилно, студено и ветровито време со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука