Охрид, 4. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook страницата Restauracije starih fotografija i videa е објавено ретко видео од далечната 1934 година со мотиви од манастирот Св. Наум и околината.
Интересно е што има и кадри од самиот манастир, но и околината. Жителите се снимани како вршат секојдневни работи, рибарите како ловат риби и слично, а видеото со посебна техника е реставрирано и колоризирано.
– Манастирот „Св. Наум“ на Охридското Езеро снимен во 1934. година. Видеото е реставрирано и колоризовирано. Автор на реставрацијата е Слађан Г. – стои во објавата.
Прекрасното видео, кое е објавено минатата година е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Restauracije starih fotografija i videa