Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Билтен на СВР Охрид: Пријава за жител на Лисичани, кој измамил охриѓанец при продажба на пелети за огрев

Охрид, 5. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49-годишниот Е.Л. од селото Лисичани, општина Пласница, поради постоење основано соменние за сторено кривично дело „измама“.

– Тој, со лажно прикажување, го довел во заблуда лицето А.Т. од Охрид и му понудил пелети за огрев. Потоа, му испратил и две фактури, кои оштетениот ги платил во вкупен износ од 327.712 денари, но не ја добил нарачката, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука