Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Казни за 17 возачи од Охрид и 32 од Струга кои управувале возила со брзина поголема од дозволената

Охрид, 6. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти февруари 2023 година, во периодот од 10:00 до 16:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени акциски контроли во патниот сообраќај.

– Притоа, полициските службеници затекнале вкупно 87 возачи управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид 17, Струга 32, Кичево 37 и Дебар 1). Против нив се поднесени соодветни платни налози, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука