Забава Избор

Д’римерс со нова песна „Ова не е крај“ (Видео)

Охрид, 7. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Д’римерс ја објавија нивната петта песна „Ова не е крај“, како дел од нивниот деби албум кој ќе содржи вкупно десет песни.

Комбинацијата на модерен звук со ретро елементи кои се вметнати во оваа нумера, е исто така „зачинета“ и со препознатлив, певлив и мелодичен рефрен. „Ова не е крај“ е поп рок балада и една од песните коишто се очекува да бидат најистакнати во првиот деби албум на Д`римерс.

Музиката и текстот се на Синиша Карафилоски, аранжманот е на Дамир Пух и Наташа Миха, а вокалот е на Јордан Џејмс Ивановски.

– Во текот на самото снимање и продуцирање на оваа песна владееше атмосфера во GreenRoom Sound студио која не може да се опише со зборови, тоа е нешто што може само да се доживее, вели Јордан.

Синиша додава дека снимањето на самиот видео запис од едно обично патување се претворило во вистинска авантура која ќе ја паметат додека се живи.

– Ова е нешто што ќе не тера во иднина да ги подигнеме нашите стандарди кога станува збор за снимање на видео записи, вели Синиша.

Видеото е снимено на повеќе локации во соседна Грција (Ситонија, Солун), а за истото како и секогаш се задолжени ProCam студио. Главна ѕвезда е Росица Матеска со која бендот планира да ја продолжи соработката и во иднина.

Д’римерс откриваат дека за брзо време ќе бидат објавени уште две песни кои што се веќе во почетна фаза на изработка, а плановите за видео записи за овие две песни се исто така во завршна фаза. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука