Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид издвои 600.000 денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Охрид, 7. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На вонредна седница која Советот на општина Охрид донесе одлука за доделување на 600.000 денари финансиска помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес, што се случи вчера во Република Турција и Република Сирија.

Од вкупниот износ, 300.000 денари се наменети за настраданите во Турција и 300.000 денари се наменети за настраданите во Сирија.

Одлуката за издвојување средства за помош на настраданите беше донесена едногласно, а советниците изразија жалење за изгубените животи со едноминутно молчење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука