Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Земјотрес од 3,9 степени кај Елбасан, почувствуван и во Охрид и околината

Скопје/Охрид, 9. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 9-ти февруари 2023 година регистрираше земјотрес на 130 километри југозападно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Елбасан, Република Албанија.

– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 11:57 часот со Рихтерова локална магнитуда ML3.9 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Преспа, Охрид и околината, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука