Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

На УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ќе се одбележи Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката

Охрид, 10. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ од Охрид, и оваа година го одбележува Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката.

– По тој повод, под мотото „Биди и ти, IT девојка“, денеска, во 13:00 часот, ќе се одржи настан, на кој ќе се обратат проректорката, проф. д-р Устијана Речкоска- Шикоска, наши професорки, студентки и дипломки кои ќе го пренесат своето IT искуство, информираат од УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука