Забава Избор ТОП ВЕСТИ

„Тоа е мој проект“: Roger Waters сними нова верзија на албумот „Dark Side of the Moon“ на Pink Floyd

Лондон, 10. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот англиски музичар, пејач и текстописец Roger Waters сними нова верзија на албумот „Dark Side of the Moon“ на култната група Pink Floyd, која заедно со Syd Barrett, Nick Mason и Richard Wright ја формираа во Лондон во 1965 година.

Музичкиот проект, на кој Waters работел тајно подолг период наназад, носи нова верзија на еден од најважните албуми во историјата на музиката, оригинално снимен во далечната 1973 година. 79-годишниот музичар за „The Telegraph“ вели дека „не му е потребна дозвола“ од останатите членови на групата и носители на правата, и дека не ни побарал такво нешто.

– Јас го напишав „The Dark Side of the Moon“. Секако дека бевме група, бевме четворица, сите придонесоа, но ова е мој проект, јас го напишав и тоа е тоа, потенцира музичарот.

Околу можната правна разврска на случајот, Waters додава дека е е експерт за авторски права и дека се можни реакции.

Верзијата на Waters на „The Dark Side of the Moon“, повторно ги носи антологиските „Time“, „The Great Gig in the Sky“ и „Us and Them“, и според најавите треба да биде издадена во мај оваа година.

Оригиналната верзија на албумот важи за еден од најпрогресивните рок албуми на сите времиња. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука