Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Тешка кражба во Струга, пронајдено оружје во Велешта

Струга, 13. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи две информации поврзани со настани кои се случиле во Струга и околината.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 29-годишниот М.Р. од Пеќин, Република Албанија, поради постоење основано сомнение за сторени 2 кривични дела „тешка кражба“. Тој, на 9-ти февруари 2023 година, кога илегално престојувал во Струга, со подесен алат и физичка сила, насилно влегол во две куќи во Струга од каде противправно одзел накит и други предмети.

Во друг случај, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 20-годишниот Е.И. од струшкото село Велешта. При претрес, извршен по судска наредба во неговиот дом, полициски службеници пронашле 4 куршуми боева муниција со различен калибар што неовластено ги поседувал. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука