Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Успешен настап на охридските стрелци на меѓународен турнир во Бугарија

Охрид, 15. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Стрелци од охридските клубови учествуваа на меѓународниот турнир „Sofija Grand Prix” и „New Olimpic hopes 2023”, турнир кој се одржува по речиси 20 години пауза.

Турнирот се одржа во Националната спортска академија во студенскиот комплекс во Софија, Бугарија.

– Во исклучително јака конкуренција, со актуелни и поранешни европски прваци, нашите стрелци достојно ја презентираа нашата држава и градот, покажувајќи дека спортот може само да соединува и да ги преминува сите препреки кои денес се актуелни, а се предизвикани од збиднувањата на политичката сцена помеѓу двете држави, информираат од Стрелачкиот клуб од Охрид.

Нашите стрелци настапија во дисциплините пушка и пиштол, во категорија на јуниори-ки и сениорки.

Можно е да е слика од 9 луѓе, луѓе што стојат, внатре и текст кој вели „International Air gun Competitions "New Olympic Hopes" and „Grand Prix Sofia" 6bлrapcKи 6bлrapcKи cTpeлKo AbpжaBHo nbpB 2:21“

Првиот натпреварувачки ден, Бојан Спасеновски, од ЖСК „Линидос”, со резултат од 608,1 круг за зазеде третата позиција и се закити со бронзен медал во јуниорската категорија, воздушна пушка. Вториот натпреварувачки ден, со резултат од 604,3 круга се пласира на 5-тата позиција во севкупен пласман-воздушна пушка – мажи. Во истата категорија, Крстијан Балоски од СК „Охрид”, со резултат од 577,4 круга, се пласира на 4-тата позиција во јуниорска категорија. Заради недоволен број на учесници од категории, кај нив не се пукаше финале.

Кај жените, Јована Милевска, од СК „Охрид”, по долга пауза конечно се врати на стрелачките терени и веднаш покажа дека нејзините квалитети можат да се споредуваат и со оние кои професионално се занимаваат со овој спорт. Во првиот натпреварувачки ден, таа се пласира на 5-тата позиција во категорија на сениорки. Иако по основниот дел со резултат од 609,4 круга обезбеди влез во финале како 8-мо пласирана, подоцна истата ја тргнаа од листата заради новите правила кои стапиле на сила од почетокот на годинава, односно, таа можела да се натпреварува како јуниорка, но за жал истата беше пријавена во сениорска категорија па влезот во финале и беше оневозможен. Вториот натпреварувачки ден, се пласира на 10-тата позиција, во севкупен пласман-жени со резутат од 608,4 круга.

Стефанија Вељаноска, во дисциплина водушен пиштол – жени, првиот натпреваерувачки ден со резултат од 520 круга си обезбеди влез во финале како 7-мо пласирана, но не го издржа притисокот да се избори за медал па заврши како 6-то пласирана. Вториот натпррварувачки ден, се пласира на 15-тата позиција во севкупен пласман воздушен пиштол – жени, со резултат од 521 круг.

Климент Мостро, од ЖСК „Линидос”, првиот натпрварувачки ден стартуваше со 8-ма позиција во квалификации, со резултат од 523 круга, за да остане на истата позиција во финале во јуниорска категорија воздушен пиштол. На вториот натпреварувачки ден, со резултат од 512 круга се пласира на 12-тата позиција во севкупен пласман- воздушен пиштол – мажи.

Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Во истата категорија, свој настап имаше и младиот Иван Милевски, кој со резултат од 510 круга, се пласира на 10-тата позиција, воздушен пиштол – јуниори.

Стрелците веќе од викендот што следи, имаат низа последователни натревари како на државен така и на меѓународен план. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука