Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Поради големиот интерес, претставата „Енергични луѓе“ ќе се игра и во петок на 3-ти март

Охрид, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради зголемениот интерес на претставата „Енергични луѓе“ , според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, Народен театар Охрид повторно ќе ја изведе во петок, на 3-ти март 2023 година, со почеток во 20.00 часот.

– Играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн се на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ, информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

Претставата, иако сместена во социјалистичките, 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.

Билетите по цена од 200 денари можат да се купат во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид. Телефони за резервации 046/261-063 и 075/283-066. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука