Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Лути на мерките на Владата, пекарите најавија дека од утре нема да произведуваат леб, охридските производители се’ уште без изграден став

Скопје/Охрид, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од утре пекарите нема да произведуваат леб, соопштија производителите. Лути се на најавата на владината мерка за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Охридските производители до овој момент, се’ уште без изграден став по ова прашање.

– Немаме став, не знаеме уште, Комората има состанок, треба да излезат со изјава. Кога ќе добиеме некој финален став ќе информираме, велат за OhridPress.

Мерката ја предложи министерот за економија Крешник Бектеши која утре треба да се усвои на владина седница. Анализите на министерството покажаа дека голем дел од компаниите за прехрамбени производи кои добиваа субвенционирана струја, не ги намалија цените на производите и по три месеци, иако влечеа пари од џебот на граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука