Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Билтен на СВР Охрид: Приведен охриѓанец кој физички нападнал лице во казино на булеварот „Македонски просветители“

Охрид, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти февруари 2023 година, во СВР Охрид приведен е 41-годишниот А.П. од Охрид.

– Тој, во 23:50 часот во казино лоцирано на булеварот „Македонски просветители“, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз 22-годишниот С.Б. од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука