Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Забрана за паркирање на улицата „Ѓорче Петров“

Охрид, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради изведување на градежни активности за асфалтирање на улицата „Ѓорче Петров“, во вторник, на 28-ми февруари 2023 година и во среда, на 1. март 2023 година, на сила ќе биде забрана за паркирање на оваа улица.

Станува збор за потегот од крстосницата со улицата „Марко Несторовски“ до пресекот со уличниот крак кој води кон станбениот комплекс „Христо Узунов“.

– Жителите од овој дел на градот да ја почитуваат забраната за паркирање и да ја намалат фреквенцијата на сообраќај на овој потег, додека траат градежните активности, апелираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука