Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Бурно деноноќие во Охрид, пожари, пронајдена дрога…

Охрид, 28. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Информациите поместени во полицискиот Билтен на СВР Охрид информираат за бурно деноноќие во Охрид и околината.

На 26-ти февруари 2023 година, околу 17:00 часот, во месноста „Блато“ на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид, настанал пожар на отворен простор со ниска вегетација, овошни насади и една барака сопственост на правно лице од Охрид. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид.

На 27-ми февруари 2023 година, во 12:20 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид настанал пожар во патничко возило марка „Југо“ со охридски регистарски ознаки, во движење, управувано од страна на 70-годишниот С.С. од селото Пештани. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид.

На 27-ми февруари 2023 година, во 22:00 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа 24-годишниот Д.А. од Охрид. При преглед во патничко возило марка „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука