Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Зорица и Билјана одамна починаа, велат наследниците на двете Македонки кои ги бараше актерката Барбара Сукова

Охрид, 28. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Зорица и Билјана, двете сестри со кои германската актерка Барбара Сукова се запознала во Охрид пред 60 години и сакаше да воспостави контакт, се одамна починати, велат нивните наследници.

Зорица, хемиски инженер, починала во 1990 година на 39 години. Нејзината сестра Билјана која била лекарка, починала во 2004 година на 47 години.

Бојана Кироска, ќерка на починатата Зорица, посочува дека истата фотографија што ја презентирала Сукова, се наоѓа и во нивните семејни албуми.

– Многу би сакале да ја запознаеме актерката. Ја каниме да дојде во Македонија да биде наша гостинка. Прифаќаме да се сретнеме со неа и во Србија, додека е на фестивалот, вели Кироска.

Неодамна германската актерка Барбара Сукова, која годинава е една од најголемите филмски ѕвезди на меѓународниот филмски фестивал ФЕСТ што се одржува во Белград, Србија, на прес конференција повика на помош да ги пронајде двете жени со кои се запознала во Македонија кога биле деца во далечната 1963 година.

Таа година, актерката како тинејџерка со нејзините родители престојувала во Југославија и го посетила Охрид, каде ги запознала две девојчиња – Зорица и Билјана.

Тогаш во училиштата се собирала хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Скопје, а Зорица и Билјана во знак на благодарност потоа ѝ испратиле послужавник со две шолји за кафе. (Крај)

извор: Охрид 1/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука