Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Од охридската фурна „Антомос“ информираат дека ќе доставуваат леб, но со намалена цена и грамажа

Охрид, 2. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нашата лојалност кон потрошувачите е голема, па затоа ќе го доставиме нашиот производ но, со намалена грамажа, и цена, како што побара Владата, дури и без добивка, објавија на нивниот профил на Facebook од фурната „Антомос“ од Охрид.

Додаваат дека нивните производи се продаваат во тежина од 550 до 600 грама.

– Чувствуваме одговорност да Ви се извиниме заради недостигот на леб. И самите знаете дека тоа се случи по одлуката на Влада на Република Македонија, со што бевме опфатени и ние, а исто така би сакале да ве информираме, дека ние не сме од фирмите што зедоа субвенции, затоа што сме специјален домашен производ печен во фурна на дрва. Законот го донесоа преку ноќ, и важи за сите без исклучоци, и за тој што вработува 10 и за тој што вработува 200 луѓе, информираат од „Антомос“.

Додаваат дека се надеваат дека во блиска иднина Владата ќе има во обзир, дека постојат и такви фирми како нив, кој се мали и лесно уништливи со вакви недоречени закони и лоши математики.

– Да не не ставаат во исти кош со големите гиганти, додаваат од фурната.

Супер радио и OhridPress деновиве се обидоа да добијат став и другите, поголеми произведувачи на леб во градот, но до овој момент не добивме повратна информација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука