ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Следната средба меѓу Вучиќ и Курти кон крајот на месецов во Охрид

Скопје/Охрид, 2. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави дека следната средба во дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе се одржи во Охрид кон крајот на овој месец.

Лајчак на Твитер објави дека се сретнал со македонскиот вицепремиер Бојан Маричиќ, на кого му се заблагодарил за силната поддршка за дијалогот.

– Имав одлична средба со вицепремиерот Бојан Маричиќ. Благодарен сум за силната поддршка за дијалогот и со нетрпение ја очекувам следната средба за дијалог во Охрид кон крајот на овој месец, напиша Лајчак.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорите во Брисел на 27-ми февруари, најави дека следната средба во дијалогот ќе биде на 18-ти март во Македонија. (Крај)

извор: frontline.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука