Избор Македонија Општина Вевчани ТОП ВЕСТИ

Убавото Вевчани е прогласено за прва македонска зелена дестинација

Вевчани, 2. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вевчани е прва македонска зелена дестинација и влегува во ексклузивната група туристички дестинации, кои поради своите природни и културни вредности се реткост во светски рамки.

– Вевчани е значајна туристичка дестинација, која како национален бренд е позната низ светот. Вевчани е заштитено подрачје во категоријата Споменик на природата поради своите зачувани, трајни природни вредности. На оваа низа епитети додаваме уште една: Вевчани е прва македонска зелена дестинација. Ова значи дека Вевчани влегува во ексклузивна група на туристички дестинации, кои поради своите природни и културни вредности се реткост во светски рамки, објави градоначалникот на општината Спасе Кочовски.

Тој додава дека во периодот што следува ќе се запознаваме со значењето на оваа титула. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука