Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Распишан оглас за 2. јавни обвинители за ОЈО Охрид

Скопје/Охрид, 2. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Советот на јавни обвинители на денешната 75. седница донесе одлука за распишување оглас за избор на вкупно 31 јавен обвинител во повеќе основни јавни обвинителства низ земјава.

На конечната листа на Академијата за судии и јавни обвинители, од седмата генерација, има 28 кандидати за јавни обвинители, кои положиле и ќе можат да се пријавата на еден од огласите за избор на јавни обвинители во ОЈО Охрид, Гевгелија, Битола, Куманово и Прилеп по 2 места, ОЈО Тетово 6, ОЈО Гостивар и Кичево по 3, како и ОЈО Велес, Дебар, Делчево, Крива Паланка, Кочани, Ресен, Свети Николе, Струга и Струмица по 1 место.

На овој избор нема да бидат објавени огласи за ОЈО Скопје, како и за ОЈО Берово, ОЈО Радовиш, ОЈО Кавадарци и ОЈО Штип.

Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолески, посочи дека освен Скопје и Радовиш, во сите останати обвинителства има голем недостиг на кадри и дека заедно со листата на кандидати, пред седницата до членовите на Советот им ја доставил и листата со потребите на сите јавни обвинителства во државата, согласно систематизацијата и пополнетоста.

По објавувањето на огласите сите кандидати, кои ќе се пријават, ќе треба да поминат на интервју во Советот на јавни обвинители.

Согласно систематизацијата, заклучно со март 2022 година најкритична е состојбата во ОЈО Крива Паланка каде од потребните 1 + 2, нема ниту еден јавен обвинител, ОЈО Делчево, каде од 1 + 1 по систематизација, нема ниту едно пополнето место и ОЈО Свети Николе, каде од 1 + 1, слободни се двете позиции.

Потоа следат ОЈО Гевгелија 1 + 3, од кои три се непополнети и ОЈО Прилеп каде од 1 + 7, слободни се четири, ОЈО Кичево 1 + 4, од кои три се слободни и ОЈО Тетово каде од 1 + 7 слободни се седум места.

Од останатите, во ОЈО Скопје треба да има 1 + 66 јавни обвинители, а слободни се шест места, во ОЈО Кавадарци 1 + 4, од кои едно е слободно, ОЈО Куманово 1 + 13, а слободни се четири места, ОЈО Велес 1 + 8, од кои три се слободни, ОЈО Битола 1 + 8, а слободни се две, ОЈО Охрид 1 + 7, од кои слободни се три места, ОЈО Ресен 1 + 1, а слободно е едно место, ОЈО Струга 1 + 4, од кои едно е слободно, ОЈО Гостивар 1 + 8 , каде два места се непополнети, ОЈО Дебар 1 + 1, од кои едно е слободно, ОЈО Штип 1 + 5 по систематизација, ОЈО Радовиш 1 + 1, ОЈО Берово 1 + 2, од кои две се слободни, ОЈО Кочани 1 + 5, од кои две слободни, ОЈО Струмица од 1 + 8, слободни се две места. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука