ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Авионот на WizzAir на летот Дортмунд-Охрид го сменил правецот кон Венеција поради влошена здравствена состојба на патник

Охрид, 2. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Влошена здравствена состојба на патник е причината поради која авионот на WizzAir, кој летал од Дортмунд за Охрид го променил правецот на движење додека летал над БиХ.

Според сајтот за следење на летови FlightRadar, пилотот испратил сигнал за итна ситуација, по што екипажот побарал авионот да слета на најблискиот аеродром и се упатил кон Венеција.

Од авиокомпанијата до овој момент не излегоа со официјално соопштение за настанот. На Twitter потврдија дека леталото слетало во Венеција. (Крај)

извор: FlightRadar фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука