Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 11. степени

Охрид, 3. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со кратки сончеви периоди и услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– Во следниот период ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има утре. Во недела попладне и во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник се очекуваат нови локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука