Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Како звучат I`m Blue и Insomnia на акустична гитара со охридскиот виртуоз Дамјан Пејчиноски (Видео)

Охрид, 7. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ова е за сите мои пријатели на Instagram кои не се вљубеници во готарата, а кои се веќе уморни да ме слушаат како свирам jazz/fusion, порача на шега на неговиот профил на Facebook охридскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски.

– Еве го мојот едноставен аранжман на песните I`m Blue од Eiffel 65 и култната Insomnia на Faithless. Уживајте, вели Дамјан.

Дамјан Печиновски важи за еден од најдобрите гитаристи на домашната сцена. Неговото богато музичко искуство напишано со многу странски настапи е верен доказ дека Македонија има сериозни музички таленти кои што можат да се носат рамо до рамо со светските големи имиња. На сцената секогаш плени со својата самодоверба, зрелост и неверојатен слух и техника за гитара.

Со гитарата другарува од својата шеста година, но вистинскиот интерес се пројавил во тинејџерските денови. Има членувано во составите „Ворнинг“, „Абракадабра“ и „Џамп старт“. Во 2002 година на реномираниот фестивал „Рок-фест“ беше прогласен за најдобар гитарист, а наградата – гитара „Јамаха“ лично му ja додели маестро Влатко Стефановски. Во декември 2016 година, Пејчиноски ја доби титулата Доцент на Музичката Академија во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: FB Damjan Pejcinoski

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука