Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Лица од Сирија и Палестина кои илегално влегле во Македонија затекнати кај селото Косел

Охрид, 7. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти март 2023 година, во близина на охридското село Косел затекнати се лицата С.М.(23), М.Е.(23), Х.Х.(23), сите од Сирија, како и А.М.А.(24) од Палестина.

– Поради остварен илегален влез во Република Македонија, а во согласност со Законот за гранична контрола, тие се приведени, а потоа спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија за натамошна постапка, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука