Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Убавините на Охрид и Македонија претставени на Интернационалната туристичка берза во Берлин

Берлин/Охрид, 7. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Убавините на Охрид и Република Македонија се претставени на Интернационалната туристичка берза (ИТБ) Берлин, која од денес ги отвора вратите за илјадници туристички посетители од целиот свет.

– Станува збор за уште една можност за македонскиот туристички сектор да покаже како ја движи индустријата, потенцираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), од каде, заедно со десет коегзибитори до 9-ти март на репрезентативен изложбен простор ќе ги промовираат македонските дестинации и туристички продукти, кои не прават диверзивни и атрактивни.

Со својата единствена разновидност и учество на 180 земји и региони ИТБ Берлин го покрива целиот синџир на туристички понуди, со додадена вредност.

– Туристичката берза во Берлин е поделена на посебни сегменти кои ги рефлектираат најважните актуелни теми, што го олеснува пронаоѓањето на патот околу широката палета на производи и услуги на саемот.
Фокусот на ИТБ Берлин оваа година е на социјалната и еколошката одржливост. Учесниците и посетителите ќе имаат можност да слушнат инспиративни приказни кои покажуват како дестинациите ширум светот се обидуваат да го направат туризмот поотпорен и одржлив, со тоа што ќе дадат позитивен придонес за локалната заедница и животната средина.  Повеќе од 50 години ИТБ Берлин во март го собира светот на меѓународниот туризам, на најголемиот саем за патувања, иновации, знаење, лидери и инспирација за поместување на туристичките граници, додаваат од АППТ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: АППТ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука