Економија Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

„Тамаро“ и Milka ги доделија подароците за 8-ми март, најсреќни Виолета, Габриела и Елена (Видео)

Охрид, 8. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Виолета Трајковска, Габриела Климоска и Елена Крстаноска беа најсреќни во извлекувањето и од охридските „Тамаро“ маркети и Milka добија подароци за празникот на дамите 8-ми март.

Виолета освои пакет Milka производи, ваучерот за Спа центар замина во рацете на Габриела Климоска, а вечера за двајца освои Елена Крстаноска.

Извлекувањето, заедно со Жанко ЗШ Голабоски и екипата на Супер радио се одржа во маркетот на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“.

– Подарете најубави Milka производи за празникот на дамите, 8-ми март. Денеска извлековме три најсреќни и се надеваме дека овие, но и сите други наши дами ќе имаат прекрасно поминат ден, кој секако ќе биде посладок со некој Milka производ. Јас ги пробав и ги препорачувам Milka чоколадите од 80, 270 или 300 грама, порача водителот Голабоски.

Охридските „Тамаро“ маркети и понатаму носат многу насмевки и среќа кај своите купувачи преку препознатливата соработка со водечкиот медиум во регионот, охридското Супер радио и најголемите компании во државата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука