Избор Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Казни за 7 пешаци од Охрид и 21 од Струга поради небезбедно преминување на коловоз

Охрид, 8. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми март 2023 година, во периодот од 10:00 до 15:00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници затекнале 33 пешаци кои небезбедно и надвор од обележан пешачки премин преминале коловоз (Охрид 7, Струга 21 и Кичево 5.) Во Охрид, полициските службеници евидентирале 10 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (пет во населено место и пет надвор од населено место). Против нив се поднесени соодветни платни налози, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука