Здравје Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Пристигна лекот „Трикафта“, терапија ќе примат седум возрасни пациенти и едно дете

Скопје, 9. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Лекот „трикафта“ за пациентите болни од цистична фиброза пристигна на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Обезбедена е годишна терапија за седум возрасни лица и едно дете, а бидејќи се успеало да се издејствува пониска цена за лекот од предвидената, поднесено е барање до ФЗО во рамките на истиот буџет, да бидат вклучени уште четворица пациенти.

– На Клиниката примаме шест пациенти, а два пациенти ќе се водат на Клиниката за пулмологија. Очекуваме да започнеме со терапија овие денови, кај некои пациенти од утре или наредните денови. Очекуваме позитивен ефект од терапијата во однос на подобрување на нивната белодробна функција, подобрување на квалитетот на животот, на нутритивниот статус, намалена зачестенст на хоспитализациите и секако, поактивен живот на овие пациенти“, објасни проф.д-р Стојка Фуштиќ, директорка на Детската клиника.

Нема достапен опис

Потенцира дека двајца од пациентите кои се во најкритична состојба ќе бидат третирани на пулмологија.

– Ефектот од терапија тука е неизвесен, но секако ќе пробаме, ако можеме да им го подобриме белодробието, кое е основно за нивниот квалитет на живот“, додаде директорката.

Лекот „трикафта“ е современа таблетарна терапија, пациентите ќе ја примаат дома и нема да се врзани со хоспитализација.

– Ова е годишна терапија, ќе им ја даваме еднаш месечно, две таблети наутро од комбиниран модулатор и една навечер од еден модулатор. Ќе ја примаат дома и не се врзани со хоспитализација, додаде д-р Фуштиќ.

Министерот за здравство Фатмир Меџети изајви дека во соработка со надлежните институции се реши најгорливто прашање на оваа категорија пациенти и очекува со оваа терапија значително дасе подобри квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза.

Нема достапен опис

Напомена дека продолжуваат заложбите, во соработка со премиерот за изнаоѓање решение за останатите засегнати со оваа дијагноза.

По притисокот на јавноста и протести на пациентите со цистична фиброза, Владата ги заврши административните процедури за итна набавка на лекот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука