Во Охрид денес облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 14. степени
Охрид, 10. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер (над 70 км/час), локално и во форма на невреме.
Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.
– Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денес времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, локално ќе бидат во форма на невреме. Утре ќе има слаб локален дожд, а во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |