ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Леонид Тодороски најдобар на XLVI регионален натпревар по математика

Охрид, 9. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Младиот и исклучително талентиран охриѓанец Леонид Тодороски го освои првото место на XLVI регионален натпревар по математика за средните училишта, кој се одржа на 4-ти март 2023 година.

Во конкуренција од 30 врсници од целата држава, тој освои максимален број поени на сите 4 поставени задачи.

Станува збор за исклучителен талент, кој Леонид го покажа во повеќе наврати. Минатата година тој освои сребрен медал на Јуниорската Балканска Математичка Олимпијада во Сараево.

Во мај 2022 година, Леонид го освои првото место на Државниот натпревар по биологија за основно образование, како продолжување на неговите големи успеси периодов наназад. Претходно, тој го освои првото место на 47-от Државен натпревар по математика за основно образование. Во 2021 година, Леонид го освои третото место на Балканска математичка Олимпијада во конкуренција на натпреварувачи од 21 држава, откако претходно беше прогласен за државен првак за осмо одделение на државниот натпревар по математика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука