Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Казни за 31 лице поради непрописно паркирање и за две кои управувале возила без дозвола

Охрид, 10. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти март 2023 година, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, при контроли во патниот сообраќај, полициските службеници во Охрид евидентирале 31 патничко возило кои биле непрописно паркирани на коловоз, како и две лица кои управувале моторно возило без да поседуваат возачка дозвола.

– Во Дебар, полициските службеници на вонреден технички преглед упатиле шест патнички моторни возила каде, при што кај две возила биле констатирани технички неисправности на уредот за сопирање. На возачите им се поднесени соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука